шеќеринска

Марк Руте ја назначи Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО

Пополнувањето на заменичката позиција беше еден од приоритетите на генералниот секретар Марк Руте, кој ја зазеде функцијата на 1 октомври

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја назначи Радмила Шекеринска за нареден заменик генерален секретар.

„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменичка-генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се влезе во Алијансата како и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, изјави шефот на Алијансата, Марк Руте.

Пополнувањето на заменичката позиција беше еден од приоритетите на генералниот секретар Марк Руте, кој ја зазеде функцијата на 1 октомври.

Шекеринска беше министер за одбрана на Северна Македонија, пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година, а подоцна годинава ќе ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Казните од по 50 илјади евра за картелско здружување на маркети се фарса

Казните од по 50 илјади евра за картелско здружување на маркети се фарса

По речиси една година истрага, Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) ги казни четирите големи …