Маркоска: Петтиот пакет мерки обезбедува поддршка за занаетчиите и самостојните вршители на дејност, грижата за сите продолжува

Прес-конференција на СДСМ, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев останува посветена во градење на силна, стабилна и развојна македонска економија кој носи шанса за сите.

Во таа насока е и петтиот пакет економски мерки вреден 160 милиони евра кој има за цел спас на работните места, поддршка за домашните компании и подобрување на ликвидноста на стопанството.

Продолжува грижата и помошта за регистрираните занаетчии и самостојните вршители на дејност за побрзо надминување на последиците од коронакризата.

Со мерката пет од петтиот пакет, на регистрираните занаетчии ќе им се овозможи решенијата за аконтативно плаќање на персоналниот данок да им бидат намалени за 50% во 2021 година споредбено со решенијата од 2020 година.

Преку мерката шест, обезбедуваме финансиска поддршка за граѓаните преку продолжување на мерката за одложување на плаќање на данок на личен доход до 30 јуни 2021 година.

Вредноста за оваа мерка е 15 милиони денари, а целна група се самостојните вршители на дејност кои согласно Законот за данок на личен доход беа ослободени од плаќање на аконтации до 31 март 2021.

Почитувани,

СДСМ преку институциите што ги води покажа максимална грижа за работниците, граѓаните и домашната економија.

Најтешките мигови се зад нас, успеавме да ја одржиме економијата витална и динамична.

Продолжуваме со мерките и политиките што обезбедуваат рестарт на македонската економија и поддршка за сите граѓани.

Прочитајте повеќе

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во …