Марковите Кули заслужуваат да се најдат на листата на светското културно наследство, констатација на научниците од научниот собир

Марковите Кули заслужуваат да се најдат на листата на светското културно наследство, констатација на научниците од научниот собир

Прилеп е домаќин на дводневниот меѓународен собир „Биогеографска целина Маркови Кули: природни содржини и културни вредности“, кој се одржува во организација на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп, а со поддршка на Општина Прилеп.

Собирот го отвори градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски кој го потенцираше значењето за општината од влезот на Марковите Кули на листата на светското културно наследство на УНЕСКО. Во своето излагање, градоначалникот Јованоски рече:

Биогеографската целина Маркови Кули се наоѓа на привремената листа на културното наследство на УНЕСКО, но поголем број на локалитети во околните земји веќе успеале природното и културното наследство да ги спојат во една целина и да го презентираат како синергија.

Марковите Кули заслужуваат да се најдат на листата на светското културно наследство, констатација на научниците од научниот собир„Она што треба да се направи во иднина, е да се спои синергијата во природното и културното наследство и ова е првиот чекор во таа насока. Изнесувајќи го културното богатство во овој регион, кој што траел од праисторијата па до денес, заедно со биогеографската целина ќе помогне во добивањето документ, со кој ќе може да се излезе пред УНЕСКО и да се побараат овие за нас важни содржини. Важно е да се нагласи дека ЕУ во последните години посветува големо внимание на културното и природното наследство како целина. Управата за заштита на културното наследство оваа година ќе ги направи сите напори во насока да помогне Марковите Кули да влезат на тентативната листа како една целина, бидејќи сметаме дека овој локалитет заслужува да се најде на листата на светското културно наследство“, вели Елеонора Петрова, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Драган Колчаковски, геоморфолог и професор на Природно-математичкиот факултет, истакна дека Маркови Кули се светска раритетна појава, една од највпечатливите на светот, заради што уште во јуни 2004 година се ставени на привремената листа УНЕСКО, како светско природно наследство.

Марковите Кули заслужуваат да се најдат на листата на светското културно наследство, констатација на научниците од научниот собир„На олку мал простор, мноштво на толку многу појави, релјефни форми, во светот се забележуваат на малку локалитети. Еден од нив е светски познатата Кападокија, во централниот дел на Турција. Кападокија во текот на годината ја посетуваат 4 милиони туристи. Кога би биле на официјалната листа како светско природно наследство, Маркови Кули во една сезона би имале гости од странство колку што има Охридското езеро“, потенцираше професорот Колчаковски.

Директорот на ЈНУ Институт за старословенска култура-Прилеп, Бранислав Ристески очекува дека после завршувањето на научниот собир, ќе се добијат смерници за понатамошната истражувања, додека најнепосредната цел на конференцијата е публикување на рефератите во научното списание на Институтот за старословенска култура, 47/2.

Марковите Кули заслужуваат да се најдат на листата на светското културно наследство, констатација на научниците од научниот собир„Со тоа на некој начин добиваме писмен доказ за научната верификација на овие вредности за кои зборуваме, а во практична смисла тоа значи дека ќе ни помогне да го заокружиме планот за управување со биогеографската целина, воедно ќе ни даде и основа за подготвување на досие за номинација на листата на УНЕСКО. Покрај Охридскиот регион, од Македонија единствено уште Маркови Кули се наоѓа на листата на УНЕСКО, што значи дека немаме други вредности во нашиот регион, независно што ние за себе мислиме. Со тоа, очекуваме во најскоро време да добиеме верификација за отпочнување на постапката за влегување во системот на исклучителните природни и културни содржини во светот“, изјави Ристески.

На дводневниот научен собир, учествуваат научници од Хрватска, Грција, Австралија и други земји.

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …