Марта Кос: Нема гаранции во процесот на проширување

Марта Кос: Нема гаранции во процесот на проширување

Коментирајќи ги барањата за гаранции во евроинтеграцискиот процес,  Еврокомесарката за проширување Марта Кос пред посетата на Скопје посочи дека во досегашната практика на Унијата нема пример земја кандидат да добила гаранција дека нема да се појават нови спорови во текот на преговорите.

„Вистината е дека ниту една земја кандидат никогаш не добила гаранција дека нема да се појави нов спор во текот на пристапниот процес, сè до моментот кога и последната земја членка ќе го ратификува договорот за пристапување. Така функционира процесот на проширување на ЕУ и важно е да се прифати оваа реалност“, нагласи Кос.

Слична порака испрати и на прес-конференцијата одговарајќи на новинаркси прашања. Таа нагласи дека процесот на проширување не се темели на гаранции, туку на доверба, посветеност и исполнување на преземените обврски.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Сообраќаен хаос во Тетово: Печалбарите дојдоа, Касами вели градот нема полицајци за да работи пајак-службата

Сообраќаен хаос во Тетово: Печалбарите дојдоа, Касами вели градот нема полицајци за да работи пајак-службата

Слично како и претходните години, и оваа година со доаѓањето на печалбарите во последните два …