пари плата пензии

Мартовските пензии со дополнителните 1.000 денари ќе почнат да се исплаќаат од 29 март

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец март 2022 година и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.03.2022 година, а на деловните банки им препорача да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29.03.2022 година.

Деловните банки, преку своите филијали и експозитури ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата, и тоа:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши во вторник, 29.03.2022 година;

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши во среда, 30.03.2022 година;

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши во четврток, 31.03.2022 година и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши во петок, 01.04.2022 година.

Во пензиите за месец март се вклучени првите 1.000 денари кои како дополнителна финансиска помош, пензионерите ќе ги добијат и со априлската и мајската пензија.

Прочитајте повеќе

Кривична пријава од СДСМ Прилеп за Јовчески

СДСМ Прилеп: Кривична пријава за градоначалникот Јовчески заради незаконски потпишан анекс на Договор за јавна набавка

Прес-конференција на Моника Грашеска Илиеска, координатор на советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот …