Маскенбал во Крушево, најоригиналните маски добија награди

Маскенбал во Крушево, најоригиналните маски добија награди

Денеска на градскиот плоштад во Крушево, се одржа традиционалниот првоаприлски маскенбал во организација на ООУ „Никола Карев“ и СОУ „Наум Наумовски Борче“, а со поддршка од Општина Крушево, хотел Панорама, Ресторан Шапе, Крушевска Одаја, хотел Монтана палас, Snow Kitchen & Bar, пицерија Скар, ресторан Под липите, Импресо, Олд Скул, клуб Планет и други.

Дел од маскенбалот беа учениците од основното и средното училиште, чии маски беа поделени во повеќе категории. На најдобрите маски од секоја категорија им беа доделени награди.

На маскенбалот присуствуваше и градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

„И покрај состојбата со пожарите околу Крушево, присуствував на маскенбалот за да ја видам креативноста и оригиналноста на децата и младите. Верувам дека на сите присутни, младите со своите маски им го разубавија денот“, изјави Христоски.

Прочитајте повеќе

Превозниците бараат преодно решение за влез во Шенген-зоната

Превозниците бараат преодно решение за влез во Шенген-зоната

ЕУ и натаму нема решение за професионалните превозници од регионот, кои се соочуваат со сериозни проблеми поради …