Руските проектили Калибр се лансирани од Црното Море и насочени кон различни региони низ Украина
Русија од ноќеска започна масовен напад со крстосувачки и балистички ракети и беспилотни летала врз украински градови и постројките за производство и пренос на електрична енергија низ земјата. Во одредени региони проектилите завршиле и во резиденцијални делови, а пријавени се и жртви.
„Во тек е масовен напад врз енергетскиот систем. Непријателот ги гаѓа капацитетите за производство и пренос на електрична енергија низ целата земја. Операторот на системот за пренос спроведе итен прекин на електричната енергија“, изјави министерот за енергетика на Украина, Херман Халушченко.
Превентивни прекини на електричната енергија се направени во Кијив и Киевската област, Доњецката област и регионот Дњепропетровск.
Руските проектили Калибр се лансирани од Црното Море и насочени кон различни региони низ Украина, што утрото предупредување за воздушен напад во повеќето области.
Утрово и оперативната команда на вооружените сили на Полска објави дека полските и сојузничките авиони оперираат во нивниот воздушен простор, заради масовниот ракетен напад на Русија особено во областите на западна Украина.
Извор: МЕТА