Матурантите од денеска на настава, ако не се прифатат нивните барања најавија протест пред МОН

Матурантите од денеска на настава, ако не се прифатат нивните барања најавија протест пред МОН

Од денеска прекинува бојкотот на матурантите кои ќе продолжат да ја следат онлајн наставата. Тие ќе почекаат Комисијата за образование, наука и спорт да го разгледа предлог-законот со кој се предвидува измена во делот за државата матура, а доколку не се прифатат и гласаат нивните барање до крајот на месецот, тие најавија протест со камп шатори пред Министерството за образование и наука.

„Се враќаме на настава за да им оставиме простор на пратениците да најдат решение. Ако не се прифатат и гласаат нашите барања до крајот на месецов, ние ќе почнеме да кампираме пред МОН“ велат од Сојузот на средношколци.

Тие претходно посочија дека нивниот бојкот е последица за немањето слух на нивните проблеми и дека нема за цел губење на настава и учење, туку изменување на овогодинешната државна матура.

Опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ им даде поддршка на матурантите во врска со нивните барања и поднесе предлог-измени на Законот за средно образование.

Од Министерството за образование и наука пак, не отстапуваат од ставот дека според законската обврска ќе има полагање на државната матура, со оглед на тоа што во предвидениот законски рок, над 14 илјади матуранти веќе пријавиле кои предмети ќе ги полагаат на матурата. По однос на оваа изјава, од Сојузот на средношколци појаснија дека тоа го направиле за да ги испочитуваат Законот за средно образование, Уставот и институциите.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска досега неколку пати посочи дека за измени во матурата ќе може да се разговара идната учебна година.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …