„Медена земја“ испиша историја со две номинации за Оскар, за најдобар документарец и странски филм

Документарниот филм „Медена земја“ доби две номинации за Оскар, за најдобар странски филм и документарец. Ова е прв пат, македонски филм да добие две номинации за Оскар.

„Атиџе и пчелите се прототип за новиот генетски материјал, кој треба да победи во битката на титаните, каде природата се бори со деструктивното. Среќни сме дека светските критичари и членовите на Академијата го препознаа крикот на планетата, кој ечи меѓу фрејмовите во филмот. Ја открија големината на човекот, преку големината на единката. Се разнишаа убедувањата дека радоста се крие во поседувањето. Ова е прв пат во историјата на Оскарите документарен филм да е номиниран во две категории, што значи дека ова не е само успех со историски размери, туку истово потврдува дека документариот јазик влегува во ерата на негово вистинско вреднување, каде стои рамо до рамо со фикционалната нарација, а заради својата реалност заслужува посебна опсервација. Провоцира искрено сочувство, кое не се заборава после гледањето на филмот. Големо е достигнувањето на филмот. Големи се фестивалите, кои го слават и величаат. Но уште поголема треба да биде промената на која се надеваме. Таа промена тргнува од секој од нас поединечно“, се вели на официјалната фејсбук-страница на „Медена земја“.

Режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов изразија бескрајна благодарност до членовите на Акедемијата што филмот го нарекоа „материјал заслужен за Оскар“.

Прочитајте повеќе

Избори во Русија: Путин се велича и се колне во единство

Резултатот е очекуван: Владимир Путин шест натамошни години ќе остане на чело на земјата. Вистинска …