„Медена земја“ повторно пред прилепската публика

Од 5-7 февруари, односно во среда, четврток и петок со почеток во 19.00 часот, во киното „Мис Стон“ во Прилеп, повторно ќе се прикажува „Медена земја“, првиот документарец во историјата на Оскарите кој покрај номинацијата за најдобар документарен филм, истовремено е номиниран и во категоријата за најдобар странски филм.

Влезниците за филмот по цена од 100 денари, ќе се продаваат два часа пред почетокот на проекциите.

„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“
По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но,
кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.
Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!

Прочитајте повеќе

Победник на вечерта: „Опенхајмер“ освои седум Оскари

Филмот „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот. …