Полиција пред средното училиште „Јосип Броз Тито“ во Скопје за време на антитерористичките проверки по анонимната дојава за бомба бомби

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Наставниците и другите вработени во училиштата, за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси кои се креирани од МОН, а препораките за општините се согласно можностите, да ангажираат физичко обезбедување и да постават видео надзор

Претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за внатрешни работи, институции за јавна безбедност, претставници на Министерството за дигитална трансформација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, заеднички ќе се грижат за безедноста на училиштата, откако утрово многу училишта во земјава беа мета на сајбер напади. Се очекува меѓуресорската група да се грижи за подигнување на безбедноста во училишните објекти, откако утрово дел од училишните раководства добија пораки за поставени експлозивни направи во објектите.

„Заеднички настапуваме во следниот период и со дополнителни напори од општините, ќе ја подигнеме безбедноста во училиштата“, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска на прес-конференција.

Одговорните во училиштата, во случај на дојави за експлозивни направи, треба веднаш да пријават во МВР и да ги следат упатствата и протоколите кои ќе ги добијат стручните лица од министерството.

„Наставниците и другите вработени во училиштата, за комуникација да ги користат исклучиво службените електронски адреси кои се креирани од Министерството за образование и наука, а препораките за општините се согласно можностите, да ангажираат физичко обезбедување и да постават видео надзор“, рече Јаневска.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Сомнежи за градежен картел, скопските станови по цени како во Аруба

Сомнежи за градежен картел, скопските станови по цени како во Аруба

И покрај намалените трошоци на градежните материјали и за вработените, цените на становите продолжуваат да …