Меѓународна потерница за Анџело Ѓорѓиевски, првоосомничен за убиството на Денис Тот

Меѓународна потерница за Анџело Ѓорѓиевски, првоосомничен за убиството на Денис Тот

Пет дена по смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Привилиџ“ во Скопје, полицијата издаде меѓународна потерница против првоосомничениот, 28-годишниот Анџело Ѓорѓиевски. Тој се бара за убиство, по член 123 од Кривичниот законик.

Нападот се случи рано изутрината, после 3 часот, на 7 април годинава. Веднаш потоа вработена од дискотеката „Привилиџ“ пријавила во Брза помош дека младото момче лежи на асфалтот. Ракометарот Тот бил донесен на Клиниката за реанимација, анестезија и интензивно лекување (КАРИЛ) без срцева акција и наводно без видливи траги на насилство.

Имало еден успешен обид за реанимација, но тој почина истиот ден попладнето. Голем број шпекулации и информации се отворија за овој случај сè додека не се откри дека полицијата, по прегледувањето на камерите на „Сејф Сити“, ја нашла снимката на која се гледа како хрватскиот ракометар е нападнат од неколку лица, меѓу кои и една девојка. Тој уште при првиот зададен удар паѓа на асфалтот пред дискотеката и не се поместува. Сето ова, како што можеше да се види и од снимките кои протекоа во јавноста, се случува пред неколку сведоци, кои само набљудуваат и ниту еден од нив не се јавува да го пријави случајот.

Извештајот од обдукцијата на 28-годишниот хрватски ракометар потврдил дека смртта била насилна.

Две лица беа приведени за овој трагичен настан. Деветнаесетгодишната К.Л. и 22-годишниот Д.А. се во Истражниот затвор во Шуто Оризари и одреден им е притвор од 30 дена.

Првоосомничениот Ѓорѓиевски, кој му ги задава и првите удари на Тот, е во бегство. Полицијата прво го бараше во државава, а денеска распиша и меѓународна потерница.

Погребот на хрватскиот коментар беше извршен денеска.

Прочитајте повеќе

А што ако Бајден навистина се откаже?

А што ако Бајден навистина се откаже?

Се множат знаците дека американскиот претседател Џо Бајден може да се повлече од претседателската трка. …