Меѓународниот ден за поддршка на лицата со аутизам одбележан во Прилеп

Меѓународниот ден за поддршка на лицата со аутизам одбележан во Прилеп

Меѓународниот ден за активизам и поддршка на лицата со аутизам со пригодна манифестација беше одбележан денеска во ОУ „Климент Охридски“. „Во нашето училиште се вклучени четири ученици со аутизам, три момчиња и едно девојче. Паралелката е формирана уште пред 6 години, учениците се образуваат по посебна, адаптирана програма за аутизам, а во редовните паралелки се вклучени ученици со аутизам, кои што се во инклузија кои што работат по посебни индивидуални планови. Во училиштето е формирана и сензорна соба, која помага во работата на учениците со аутизам. Нашата цел како дефектолози е лицата со аутизам од социјален аспект да се приклучат кон сите активности, што ги имаат и другите лица“, вели Елизабета Христовска , наставник- дефектолог во ОУ „Климент Охридски“.

Родителите на деца со аутизам бараат многу поголема организираност на полето на аутизмот.Според нив условите треба да се подобрат со позачестена работа во сензорната соба, со обуки на наставниците, со изградба на дневни центри за повозрасни лица со аутизам. Втори Април се одбележува како Меѓународен ден посветен на информирање и активизам за аутизмот, почнувајќи од 2008 година. Воведен е со Одлука на Генералното собрание на ОН, усвоена на 18 декември 2007 година, по предлог на Катар, а поддржана од сите земји-членки.

Прочитајте повеќе

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Реакција на Кети Смилеска, директорка на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп на вчерашната изјава …