Месечен надоместок за уште 1.000 стечајци до пензионирање

Месечен надоместок за уште 1.000 стечајци до пензионирање

Собранието денеска на предлог на Министерството за труд и социјална политика ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за материјално обезбедување на невработените лица, поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост. Законот стапува на сила со објавувањето во Службен весник на Република Северна Македонија. Владата ги повикува стечајните работници од петок да поднесат барања во Центрите за вработување, за да може да го остварат правото на користење на месечен надометок од околу 8.000 денари.

Со последните измени, опфатот на стечајни работници коишто ќе бидат материјално обезбедени до нивно пензионирање се проширува на уште 1.000 лица, со што вкупната бројка на материјално обезбедени стечајци коишто ги реши оваа Владата за две и пол години е 12.000. За споредба, претходната власт за вкупно 11 години владеење, успеа да реши само 4.000 стечајни работници.

Со неколкуте измени коишто претходно беа направени на предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата покажа слух за работниците коишто со години беа оставени без никакви приходи и без работа, како последица на транзицијата.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …