Метју Палмер во понеделник во посета на Македонија

Метју Палмер во понеделник во посета на Македонија

Американскиот заменик помошник државен секретар за европски прашања Метју Палмер, в понеделник ќе престојува во посета на Република Македонија, информираа од Американската амбасада на нивните социјални мрежи.

„Заменикот помошник државен секретар Метју Палмер ќе допатува во Македонија во понеделник, 22 октомври, на разговори околу поддршката на САД за Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција, и важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија. Тој ќе се сретне со претставници на Владата и политичките партии, меѓу кои и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров“, велат од Амбасадата.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух

Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух

Овој начелен став го донесе Врховниот суд на денешната јавна седница, каде судиите расправаа во …