Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека разговараат со Европската Унија како да се надминат гужвите на границите за влез во Унијата за македонските граѓани, кои треба да бидат регистрирани во електронскиот ЕЕС систем. Мицкоски не прецизираше за што точно се разговара, но ги повика граѓаните, доколку се мислат каде да летуваат, да заминат во домашните туристички центри.
„Имаме прекрасни езера и планини во Македонија, ги повикувам македонските граѓани своите летни годишни одмори да ги поминат на македонските планини и езера, во македонските села, затоа што имаме прекрасна земја и самите треба да си ја чуваме затоа што втора резервна татковина немаме,“ рече Мицкоски.
ЕЕС системот ги следи граѓаните од земјите кои не се членки на ЕУ и електронски ги регистрира влезот и излезот, како и деновите поминати во Шенген зоната. При првата регистрација во новиот систем, на македонските граѓани ќе им се скенира пасошот, ќе им се земат отпечатоци прсти и ќе се фотографираат.
Извор: МЕТА
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место