Мицкоски и ДПМНЕ - пропаганда по примерот на Ванчо Михајлов

Мицкоски и ДПМНЕ – пропаганда по примерот на Ванчо Михајлов

Соопштение за јавност на СДСМ 

Христијан Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО со години ја практикуваат истата пропаганда што ја користел Ванчо Михајлов.

Михајлов и неговото крило на ВМРО своите политички противници ги означувале како „предавници“ и „одроденици“.

Таа реторика не останувала само на зборови. Обвинувањата од страна на Ванчо за предавство се користеле како оправдување за репресија, физичко насилство, елиминација.

По 1928 година, кога Михајлов ја презел водечката улога, следувале ликвидации на политички неистомисленици.

Истата шема ја гледаме и денес.

Мицкоски со години секој што не се согласува со него го прогласува за предавник. Секој што се залага за демократска и европска Македонија го „почестил“ со истиот епитет.

На Илинден – најголемиот државен празник на единство и заедништво – тој официјално ја започна новата кампања. Народот што не ја поддржува неговата политика го нарече „талог“.

Поделбата на „патриоти“ и „предавници“ повеќе не држи ниту на хартија. Самиот Мицкоски рече дека ВМРО е „промакедонска“ партија. И тоа е точно. Не може да биде македонска партија кога половина од нивните функционери, нивните семејства и блиски имаат бугарски пасоши и фирми.

Она што дополнително ги поврзува Мицкоски и Ванчо Михајлов е токму таа пробугарска нота.

Сите знаеме за соработката на Михајлов со фашистичките сили.

Денес ги гледаме истите методи на пропаганда – преку првите луѓе за медиуми на Мицкоски: Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска. Гебелсовски пристап во 21 век.

Покрај влијанието на „српскиот свет“, односно на СНС и Вучиќ, сега е јасна и оваа компонента што го објаснува однесувањето на Мицкоски: политика на омраза, поделби, изолација и контрола. Политика од деведесеттите. Политика на страв.

Кога тој на Илинден ја изедначува борбата на Ванчо Михајлов со АСНОМ, тогаш е кристално јасно за каков политички проект станува збор.

Македонскиот народ отсекогаш бил слободарски и антифашистички настроен.

Нема да дозволиме годините на темнина да се вратат.

Граѓаните сакаат слободна, просперитетна, демократска и европска држава.

Држава во која младите ќе сакаат да останат а не слепо црево на Балканот, изолирана, отруена и водена од една криминална организација и од еден диктатор во обид кој е управуван однадвор.

Прочитајте повеќе

Мицкоски Кочоска јавниот долг

СДСМ: Кочовска и Мицкоски незаконски го фингираат јавниот долг

Откако Социјалдемократскиот сојуз на Македонија јавно објави документ за ново планирано задолжување од 1,3 милијарди …