Мицкоски и ДПМНЕ синоќа славеа во градот каде отруја над 5.000 луѓе

Мицкоски и ДПМНЕ синоќа славеа во градот каде отруја над 5.000 луѓе

Соопштение за јавност на СДСМ

Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО славеа во Гостивар.

Во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени.

Што славеа? Труењето?

22 дена вода со фекалии?

Пет недели без документ за анализа на квалитетот на водата?

Мицкоски нема ниту трошка морал. Без срам.

Мицкоски рече дека Гостивар нема да биде заборавен.

А сите заминаа на одмор – во средина на труењето и епидемијата. Но „научно-образовната“ екскурзија не можеше да чека.

Тоа е односот на оваа власт кон граѓаните.

Слават таму каде што луѓето лежеа по болници. Се сликаат таму каде што кријат анализи.

Ветија дека нема да заборават – па заборавија штом се отвори патниот аранжман.

Гостивар нема да биде заборавен пред избори – тоа го вели Мицкоски.

Гостивар не заборава.

Граѓаните не забораваат.

Прочитајте повеќе

Мицкоски Кочоска јавниот долг

СДСМ: Кочовска и Мицкоски незаконски го фингираат јавниот долг

Откако Социјалдемократскиот сојуз на Македонија јавно објави документ за ново планирано задолжување од 1,3 милијарди …