Реакција на СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Мицкоски нема познавања од енергектиката, зборува невистини по логиката којашто очигледно тој ја применувал.
Како директор на ЕЛЕМ Мицкоски е тој кој во негов мандат во АД ЕСМ купуваше електрична енергија по три пати поголема цена, за 250e/MWh, во време кога струјата се продаваше по 70е/MWh. Без никаква енергетска криза.
Христијан Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешниот директор на АД ЕСМ, а потоа и советник на Груевски, во чие време цената на електричната енергија се зголеми за 100 проценти, а тогаш немаше никаква енергетска криза.
Тој лажно обвинува дека АД ЕСМ ги оштетила граѓаните. АД ЕСМ ги продава ноќните вишоци на струја на аукција, на која може да учествуваат сите заинтересирани страни и на која се избира најповолниот понудувач.