Мицкоски

Мицкоски се мајтапи со народот – задоволен бил од 0.1% намалени цени

Соопштение за јавност на СДСМ

Додека граѓаните се борат со високите цени и како да врзат крај со крај, премиерот Мицкоски си игра мајтап со народот и ја потценува неговата интелигенција.

Премиерот Христијан Мицкоски гордо изјави дека бил задоволен од ефектите од замрзнување на маржите, односно од таканаречената „есенска кошничка“ со која цените се намалија за 0.1%.

Со скапи и луксузни часовници од 50.000 евра на неговата рака, ова големо задоволство кај Мицкоски од историскиот успех на мерка со намалување на цените од 0.1% може да биде од незнаење или од неинформираност.

Очигледно Мицкоски не оди во маркет, па затоа не видел дека нема намалени цени, дека на одредени производи има дури и зголемување. Дека белиот леб и натаму е 33 денари, цената на зејтинот од 78 се зголеми на 87 денари, на јогуртот од 72 на 81 денар.

Или можеби не знае дека Државниот завод за статистика, математички прецизно го пресмета ефектот на мерката од којашто тој е задоволен: 0.1% намалени цени на мало во октомври.

Можеби не знае Мицкоски дека „синдикалната кошничка“ се намали за само 57 денари?

Граѓаните живеат тешко и мајтапењето со нивните потешкотии се нерсериони. Наместо да ја потценува интелигенцијата на народот и да си игра мајтап, Мицкоски треба сериозно да си ја сфати улогата и да преземе нешто за високите цени.

Прво што треба да направи е да ги прифати предлозите на СДСМ за поголеми плати и укинување на ДДВ за храна.

Прочитајте повеќе

Миле Талевски СДСМ

Талевски: Власта одби 100 денари линеарна субвенција, Мицкоски, Трипуновски и ДПМНЕ ги изневерија тутунарите

Прес конференција, Миле Талевски, пратеник на СДСМ Власта на Мицкоски, Трипуновски и ДПМНЕ ги изневерија …