Тој изјави дека голем дел од функционерите на поранешната владина коалиција СДСМ-ДУИ се сретнувале со поранешниот премиер Груевски во Будимпешта и дека наскоро ќе приложи докази
„Не се сретнав со поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта, но дури и да сум го сторил тоа, вие ќе бевте веднаш информирани“, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали патувањето во Унгарија овозможило средба со неговиот претходник.
Тој изјави дека голем дел од функционерите на поранешната владина коалиција СДСМ-ДУИ се сретнувале со поранешниот премиер Груевски во Будимпешта и дека наскоро ќе приложи докази.
„Во име на вистината, можам да потврдам, многу скоро и со докази, дека голем дел од функционерите на поранешната владина коалиција СДСМ-ДУИ се среќавале во Будимпешта со господинот Груевски за кој што не дадоа искрен одговор. Јас ако би се сретнал, би дал искрен договор“, рече премиерот на отпочнување со реализација на проектите во Општина Илинден.
Премиерот Мицкоски и министри од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, изминативе два дена беа на втор меѓувладин самит во Унгарија.
Извор: МЕТА