Сашо Мијалков

Мијалков, Камчев и останатите осомничени во „Империја“ ќе излезат од Шутка

Специјалното јавно обвинителство дало позитивно мислење дека притворот на осомничените во предметот „Империја“ може да се замени со куќен притвор, пишува „Макфакс“ повикувајќи се на свои извори.

Ограничената слобода на осомничените сега е во рацете судиите од Апелација и од кривичниот суд. Ако тие одлучат, ќе бидат пуштени од притвор Сашо Мијалков, Орце Камчев, Цветан Панделески и други осомничени во случајот на СЈО „Империја“.

Орце Камчев поднесе гаранција од 14,5 милиони евра и пред Кривичниот суд и пред Апелациониот суд Скопје. Мијалков понуди гаранција од милион евра.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …