Мијалков на судењето за „Трезор“ се изјасни како невин

Мијалков на судењето за „Трезор“ се изјасни како невин

Поранешниот директор УБК, Сашо Мијалков, кој е обвинет во случајот „Трезор“ на СЈО на денешното рочиште во Кривичниот суд рече дека го разбрал обвинението, но дека не се чувствува виновен.

-Не сум виновен – рече Мијалков во судницата, а истото го изјавија и Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски. Сите тројца рекоа дека разбрале за што се обвинети, но дека не се чувствуваат виновни.

Обвинителот од СЈО, Артан Ајро го даде воведниот говор за обвинението за случајот “Трезор”.

Ова е прво изјаснување на Мијалков за признание на вина за случаите за кои го обвинува СЈО.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …