обвинителство

Мијалков сака да се брани од слобода со гаранција од 10 милиони евра, за Обвинителство е прифатливо

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја прифатило понудената гаранција од 10 милиони евра за бранење од слобода на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој е во притвор, објави Радио Слободна Европа.

„Обвинителството ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози во вкупен износ од 10.871.170 евра е прифатлива за Обвинителството за обезбедување на присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата“, се вели во одговорот од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

По согласноста од Обвинителство, одлуката треба да ја донесе Кривичен суд.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …