Мила Царовска со прилепските пензионери: Реформата во пензискиот систем дава резултати, пензиите се зголемуваат за 900 денари

Мила Царовска со прилепските пензионери: Реформата во пензискиот систем дава резултати, пензиите се зголемуваат за 900 денари

„Не само што Владата се грижи за сегашните пензионери, туку се грижи и за идните пензионери. Покажавме дека реформата во пензискиот систем даде одлични резултати, заштедивме 3 милијарди и 700 милиони денари во буџетот на пензискиот фонд и тоа покажува дека дефицитот се намалува. За 15 отсто порасна минималната плата, 5 отсто просечната плата, што создаде услови за раст на пензиите. Воведовме трето, дополнително усогласување кое што ќе почне со исплатата на јануарската пензија, кога сите пензионери ќе добијат по 700 денари, а ќе ги добијат и дополнителните две усогласувања, што би значело дека до јуни ќе има севкупно покачување на пензиите за 900 денари“, истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на денешната средба со прилепските пензионери.

Царовска напомена дека сето тоа укажува дека, исто онака како што Владата и ресорното Министерство покажуваат грижа за работоспособното население, во иста мерка покажуваат грижа и за пензионерите.

Мила Царовска со прилепските пензионери: Реформата во пензискиот систем дава резултати, пензиите се зголемуваат за 900 денари„Во овие 11 години откако сум пензионер, за прв пат министер за труд и социјална политика иди во Прилеп, иди во базата за да ги слушне пензионерите одблиску. Тоа е за секоја пофалба, нека продолжи така“, нагласи претседателот на Здружението на пензионери – Прилеп, Славко Трајкоски.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски за само неколку денови по втор пат е на средба со пензионерите од градот, за уште еднаш, овој пат заедно со министерката Мила Царовска, да ги слушнат нивните проблеми и потреби.

Мила Царовска со прилепските пензионери: Реформата во пензискиот систем дава резултати, пензиите се зголемуваат за 900 денари„Со голем број пензионери, на истото ова место дискутиравме за нивните потреби, за покачувањето на пензиите, за комуналните работи во градот, за сето она што е потребно да се направи за подобрување на нивниот живот. Денешното присуство на министерката Царовска ќе го надополни она што претходно го разговарав со пензионерите од нашиот град“, потенцираше Јованоски.

Здружението на пензионери – Прилеп брои 14.530 членови, од кои 12.500 се од Прилеп, а останатите од општините Долнени и Кривогаштани.

Прочитајте повеќе

Сите македонски претседатели - од Глигоров до Пендаровски

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски

Од 1991 година досега, петмина претседатели избрани од парламентот и од народот ја имале привилегијата …