Миле Талевски: И покрај здравствената криза, во Прилеп продолжува градежната офанзива

Миле Талевски: И покрај здравствената криза, во Прилеп продолжува градежната офанзива

Прес конференција на Миле Талевски, претседател на ОО СДСМ – Прилеп:

Почитувани,

Пандемијата на коронавирусот, не ги попречи капиталните инвестиции во инфраструктурата, напротив нивната изградба продолжи со забразана динамика.

Градиме инфраструктура за сите, во вонредни околности, почитувајќи ги мерките за заштита. Тоа е новото нормално. На тој начин и’ помагаме на економијата во многу важен период и го исполнуваме дадениот збор пред граѓаните.

Досега, инвестиравме околу една милијарда евра во патната инфраструктура и во план е да инвестираме дополнителни 2 милијарди во следните неколку години.

Ширум државата, градиме нови и рехабилитираме постоечки автопати, експресни и локални патишта, во  вкупна должина од 1.500 км.

Истовремено, во фаза на изградба се 500 километри водоводи и канализации, за што се обезбедени 100 милиони евра.

Почитувани граѓани,

Градежната офанзива во општина Прилеп, е видлива буквално во секој дел од градот и во секое населено место.

Во полн ек, е најголемиот инфраструктурен проект за изградба на улици во населбата Точила. Со целосно нов слој на асфалт, се рехабилитираат улиците „Самоилова“ и „Војводинска“, во вкупна должина од 2.100 метри и на површина од 13.000 метри квадратни.

Целосно ја реновираме главната сообраќајна артерија во градот, булеварот „Гоце Делчев“, кој комплетно ќе го смени ликот на централното градско подрачје.

Во изминатиот период, комплетно се рехабилитирани и асфалтирани улиците „Андон Слабејко“, „Дабнички завој“, „Беровска“, „Петта Прилепска“, „Кеј Бранко Секулоски“, „Гога Димитриоски“ и педесетина други во сите делови од градот.

Како никогаш претходно, се асфалтираат улиците и во населените места. Целосно нов асфалт е поставен на улиците во Големо и Мало Коњари, Лагово, Алинци, Кадино Село, Галичани, а нов асфалт ќе добијат и Канатларци, Ерековци и Тополчани.

Завршена е реконструкцијата на патот до Вештачкото езеро, регоналниот пат Прилеп-Тополчани-Битола, а во завршна фаза е рехабилитацијата на патот Лагово-Витолиште, патот од с.Волково преку Прилепец до манастирот „Св.Никола“.

Деновиве завршува и реконструкцијата на патниот правец Градско-Прилеп, односно делницата Фариш-Дреново, која е исклучително значајна не само за Прилеп, туку и за целиот Пелагониски регион.

Со изградбата на клучката кај ТИРЗ „Прилеп“, ја зголемуваме безбедноста на сите учесници во сообраќајот и овозможуваме услови за нови инвестиции и нови работни места во развојната зона.

Почитувани,

За разлика од 12 годишното неодговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ и криминално трошење на народните пари, СДСМ инвестира во проекти кои се од клучна важност за граѓаните и државата.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …