Миле Талевски: Неопходно ни е одговорно однесување, да го заштитиме здравјето на сите граѓани

Прес конференција на Миле Талевски, претседател на ОО СДСМ – Прилеп:

Почитувани,

Ситуацијата пред која сме исправени, од сите нас бара сериозност, одговорност и совесност.

Секој од нас мора да продолжи со одговорно однесување, со цел заштита на своето здравје, здравјето на своите најблиски и на сите граѓани.

Да одржуваме физичка дистанца од 1,5 до 2 метри и да не се групираме. Да носиме заштитна опрема на лицето секогаш кога сме во затворен простор и секогаш кога сме на отворено, а кога не можеме да ја одржиме дистанцата. Редовно да вршиме дезинфекција и да ги миеме рацете.

Како одговорна партија, нашите три клучни приоритети се: заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и обезбедување на функционални институции кои ќе им служат на граѓаните и ќе се подготват за новиот бран на коронавирусот, кој се очекува наесен.

Затоа ни се потребни парламентарни избори, во првиот можен рок.

Ставот на Комисијата за заразни болести и другите надлежните институции, е јасен: создадени се услови за одржување на предвремените парламентарни избори, со целосно почитување на протоколите за заштита на здравјето.

Позитивниот одговор на ОБСЕ/ОДИХР дека се подготвени да продолжат со набљудувачката мисија на парламентарните избори во нашата држава, е уште една потврда дека се создадени услови.

Само за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои се’ уште остануваат заглавени во матрицата на унгарскиот бегалец Груевски, нема услови за избори.

Не смееме и нема да дозволиме неодговорното и незрело однесување на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, да ја втурне нашата држава во лош правец, само затоа што се свесни за изборниот пораз кој сигурно им следува.

СДСМ е одговорна и државотворна партија. Како и досега, даваме шанса на консензусот за важни прашања. Но, доколку нема договор и продолжи неодоговорноста на Мицкоски, тогаш по сила на Закон, изборите ќе се одржат на 21 јуни, односно 22 дена по истекот на вонредната состојба на 30 мај, во случај да не се продолжи.

Избори мора да има заради здравјето на граѓаните, заради новата економија, заради функционални институции со целосен легитимитет.

Прочитајте повеќе

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Филипче се сретна со млади лекари и специјализанти во Струмица

Носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалицијата во Изборна единица 4, Венко Филипче …