Миле Талевски: Воведовме платежни картички за граѓаните, го олеснуваме животот во услови на криза

Миле Талевски: Воведовме платежни картички за граѓаните, го олеснуваме животот во услови на криза

Прес конференција на Миле Талевски, претседател на ОО СДСМ – Прилеп:

Почитувани,

Предизвиците кои ги наметна пандемијата на коронавирусот, не’ ставија на тест нас и целиот свет.

Покажавме одговорност, солидарност, способност за брза реакција и адаптирање кон новонастанатата ситуација.

Ние одлучивме дека оваа здравстена и финансиската криза нема да ја гледаме само како проблем и ризик, туку пред се’ како нова можност за нова македонска економија.

Владата предводена од СДСМ, воведе три пакети на економско-социјални мерки, чија вкупна вредност е 550 милиони евра и со кои се опфаќаат 730.000 корисници.

100.000 граѓани ќе добијат домашни платежни картички, во вредност од по 9.000 денари. Со тоа, ја зајакнуваме потрошувачка на домашни производи и услуги, но пред се’ ја зголемуваме куповната моќ на граѓаните и го олеснуваме нивниот живот во услови на криза.

Оваа мерка е достапна за сите невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15.000 денари месечни приходи според Управата за јавни приходи, како и примателите на гарантирана минимална помош.

Воведовме ваучери за домашен туризам од по 6.000 денари и домашна платежна картичка од по 3.000 денари, за 100.000 граѓани.

Со оваа мерка, опфатени се сите вработени граѓани кои примаат месечна нето плата под 15.000 денари и немаат други приходи во 2018 година, според УЈП.

Граѓаните ќе можат да го искористат ваучерот за одмор и летување во домашните хотелски и другите сместувачки капацитети,  со што директно ќе го зајакнеме домашниот туризам, а платежната картичка за поттикнување на купувањето на домашни производи и услуги.

Силна поддршка даваме и на нашите млади сограѓани, преку парична поддршка за 100.000 студенти и средношколци.

Мерката вклучува ваучери од најмногу 6.000 денари за покривање на партиципација во Универзитет и сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци, како и платежна картичка за овие млади, во вредност од по 3.000 денари за домашни производи и услуги.

Почитувани,

СДСМ е одговорна партија. Ние сакаме консензус за важни прашања, како што се изборите. Но, доколку ВМРО-ДПМНЕ упорно избегнува консензус, тогаш изборите по сила на Закон ќе бидат на 21 јуни.

Во време кога земјите во соседството, како што се Србија и Хрватска, брзаат да организираат избори за да не влезат во нов пик на коронавирусот и со тоа во нова криза, Мицкоски и ДПМНЕ бараат одлагање на изборите за наесен кога според СЗО се очекува нов бран на болеста.

Затоа, нема да дозволиме незрелото и неодговорно однесување на Мицкоски да ја турне државата во здравствена, финансиска и политичка криза.

Имаме одговорност пред граѓаните и државата. На граѓаните им требаат целосно функционални институции, со нов мандат, за да им служат и да се подготват за новиот бран од коронавирусот.

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …