Милион евра оставиле Македонците за вињети за бугарските патишта

Македонските граѓани купиле 85.000 електронски вињети за користење на бугарските патишта во периодот од 1 јануари до 13 август годинава. Бугарската министерка за регионален развој и урбанизам Петја Аврамова вчера од Скопје ги пофали возачите со македонски регистарски таблички дека се едни од најревносните плаќачи на надоместокот за патишта, од кои бугарската држава овие месеци инкасирала над 1 милиони евра.

– Ова ја става Северна Македонија на петто место меѓу странските возила во продажба на е – вињета. Претходат Романија, Турција, Германија и Грција – изјави министерката Аврамова.

За разлика од патарините на македонските автопати, висината на надоместокот за користење на патиштата во Бугарија е многу помал. Возачите преку Интернет за својот автомобил можат да си купат е – вињета со траење од еден викенд, една недела, еден месец, три месеци или една година. Електронската вињета за еден месец во Бугарија чини 940 денари и овозможува неограничено користење на целокупната патна мрежа во тој период.

Новиот систем за електронска вињета во Бугарија беше воведен на 1 јануари годинава, а од него бугарската држава очекува зголемување на приходите од наплатата на надоместокот за користење на патиштата.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …