Милјана Рељиќ оствари голема победа на своето деби на Олимписките игри. Таа во првата квалификациска рунда во својата категорија ја совлада двојната олимписка шампионка, Џејд Џонс од Велика Британија со 2:1 во рунди.
Мила влезе храбро во борбата во која агресивната Британка ги освои првите поени. Сепак, Мила ја доби првата рунда со 7-6. Во втората, искуството на противничката дојде до израз, па ја доби рудата со 5-4 за израмнување на резултатот 1:1 во рунди. Решавачката трета рунда заврши нерешено 1-1, но поради повеќето контакти Мила излезе како победничката.
Така нашата таеквондистка Милјана Рељиќ обезбеди четвртфинале. Следува борбата против Летиција Ајуд од Либан и тоа во 15.45 часот.