Министерката Дескоска ги презентираше забелешките на Венецијанската комисија за законите на судови и за Судски совет

Министерката Дескоска ги презентираше забелешките на Венецијанската комисија за законите на судови и за Судски совет

На шестата седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор (2017-2022 година) на Владата на Република Македонија, која се одржа синоќа, министерката за правда, Рената Дескоска, го презентираше добиеното мислење од Венецијанската комисија по прашањата за Законите за судови и за Судски совет.

Со укажување дека Венецијанската комисија покажала подготвеност и во оваа фаза да ги поддржи наведените закони, министерката Дескоска потенцираше дека се работи за „прецизно трасирање на насоките во делот на измените со конкретни забелешки на одредени членови од законот“.

Нарекувајќи го делот на разрешувањето на судиите „главна тема“, во мислењето на Венецијанската Комисија, министерката за правда само го пренесе различното видување на Венецијанската Комисија, и укажа дека комисијата прави дистинкција помеѓу нестручност и несовесност во работата на судиите.

Говорејќи за критериумите за квалитет на оценување на судиите беше кажано дека оценување треба да се исползува заради напредување на судиите.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како претседавач на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, најави интензивирање во делот на финиширање и спроведување на реформите во правосудниот сектор.

Дебатирајќи за Законот за судови, членовите на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор укажаа на одредени недостатоци на Законот за судови, притоа потенцирајќи и повикувајќи се на некои од актуелните состојби.

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …