Министерот Хасан во посета на две компании

Министерот Хасан во посета на две компании

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан посети две домашни компании во Велес, каде што ги увиде производните капацитети и се запозна со севкупниот процес на производство и нивното секојдневно работење. Една од компаниите кои ги посети министерот Хасан, е македонско-турска компанија која се занимава со производство на цигли, керамички плочи и други градежни материјали при што оствари средба со директорот, Абдурахим Бајрактар кој го изрази своето задоволство од финансиската поддршка која ја добиле со Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

„Mirana Foods” е другата  компанија која беше посетена од страна на министерот Хасан, која се занимава со производство на повеќе прехранбени производи. Директорот на компанијата, г-дин Зоран Мирсинов го запозна министерот со почетоците на компанијата и нејзиното проширување и унапредување, а која денес произведува повеќе од седумдесет прехранбени производи.

На двете средби, министерот Хасан им укажа дека домашните компании се подеднакво важни како и странските и дека Владата работи и усвојува нови мерки и услови за финансиска поддршка со цел да се поттикнат компаниите за нови инвестиции, нови вработувања, подобрување на бизнис климата, како и општ раст и развој на македонската економија.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …