Министерот Хасан во посета на “Joyson Safety System”

Министерот Хасан во посета на “Joyson Safety System”

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции д-р Елвин Хасан ја посети фабриката “Joyson Safety System”,  која претходна се водеше под името “Key Safety System” (KSS),  странска компанија која од 2014-та година започна со работа во една од слободните зони ТИРЗ во Кичево.  “Joyson Safety System”  е светски лидер во дизајнот, развојот и производството на воздушни перничиња, волан и сигурносни појаси.  Хасан оствари средба со финансискиот директор, г-дин Владимир Стефаноски, кој одблиску го запозна со тековното работење на фабриката, производниот капацитет, работните услови и идните цели и планови на компанијата.

Министерот во своите работни посети и активности ги вклучи и посетите на две општини, општина Долнени и општина Македонски Брод, каде што оствари средба со градоначалниците Џемил Ќамили и Живко Силјаноски.  На состаноците се разговараше за тековните активности, актуелната ситуација и развојот и унапредувањето во сите сфери, особено во сферата на инвестиции во која ќе бидат во тесна соработка.

Министерот Хасан на средбите ги презентираше новите измени на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, кои Владата ги донесе со цел подобрување на условите за инвестирање, подобрување на економската клима и привлекување нови странски инвестиции.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …