Министерот Спасовски во работна посета на Делчево

Модерните концепти на делување на полицијата се во насока на делување во партнерство со граѓаните и градење доверба кон институциите, а посетите на високи претставници од МВР на локалната самоуправа и на институциите кои делуваат во рамките на Министерството, се во таа насока истакна вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој денеска беше во работна посета на Делчево. Во рамките на посетата министерот Спасовски имаше работна средба со претставници од Полициското одделение од општа надлежност Делчево и со претставници од Регионалниот центар за гранични работи-Исток, како и средба со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски. Министерот присуствуваше и на Седница на Советот за превенција на која се разговараше за актуелни теми од областа на безбедноста.

Спасовски се освртна и на безбедносната состојба во Делчево која ја оцени како мирна без никакви елементи за нарушување.

Безбеднота е основа на сѐ и основа за развојот на економијата на локално ниво и на развојот на целиот регион и државата. Со градоначалникот разговаравме за проектите кои се актуелни и планирани, и кои придонесуваат за подобрување на безбедноста во сообраќајот, а сето тоа е заеднички придонес кон развој на безбедноста. Сакам да изразам поддршка од Владата за Општина Делчево која ќе значи генерално подобрување на животот на граѓаните и на Делчево и на Истокот, бидејќи на регионот му треба силна поддршка. Генерално, имавме успешни средби разговаравме за многу прашање и за проекти кои можат да се теми од интерес и на Советот за превенција и даваме поддршка на сите овие проекти и очекувам дека и соработката ќе биде на повисоко ниво, рече Спасовски.

Градоначалникот Трајковски истакна дека посетата на првиот човек од Министерството е многу значајна за една локална средина, бидејќи долго време ниту еден министер за внатрешни работи не дошол во посета и не остварил работна средба ниту со Локалната самоуправа, ниту со претставници од ПСОН во Делчево и РЦЗГР- Исток,

–  Затоа оваа посета на Делчево, како погранична општина, е за нас од големо значење, посебно што министерот изворно ќе се запознае со работата на институциите и со нивната ефикасност, но и со состојбата од безбедносен аспект. Исто така, како градоначалник, сакам да изразам благодарност до Министерството за внатрешни работи, бидејќи од кога е изграден објектот каде е сместена ПС во Делчево, прв пат ќе се реновира со што ќе се подобрат условите за работа на полициските службеници. Моите заложби како градоначалник, а воедно и мојата порака до сите полициски службеници е максимална и беспоштедна борба против криминалот и корупцијата, бидејќи само така може граѓаните да се чувствуваат безбедни, а секако и да се гради довербата во полициските службеници што е од основно значење во едно современо општество, рече Трајковски.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …