Министерствата и органите на државната управа, во следните два месеца ќе реализираат најмалку пo една еко акција

Владата на Република Македонија на 109-тата седница, донесе одлука да ги задолжи министерствата, органите во состав на министерствата и самостојните органи на државната управа во текот на декември годинава и во текот на јануари и февруари 2019-та година да спроведат најмалку по една акција со којашто ќе придонесат во борбата против аерозагадувањето, како и за заштита на животната средина.

Задолжените институции ваквите еколошки акции треба да ги спроведат во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање, со локалните самоуправи, како и со граѓанските организации, и за тоа да ја информираат јавноста соодветно.

Препорака за вакви еко акции Владата упати до единиците на локалната самоуправа, додека на јавните претпријатија, правните лица со јавни овластувања и на акционерските друштва во државна сопственост, Владата им укажа да реализираат активности со коишто ќе придонесат кон намалување на загадувањето на воздухот.

По евалуацијата на остварените резултати, во февруари следната година повторно ќе бидат упатени вакви задолжувања и препораки, за пролетниот период.

Оваа одлука на Владата на Република Македонија претставува дополнителна поддршка во спроведувањето на мерките предвидени со Планот за чист воздух, којшто е усвоен како стратешки приоритет во работењето на владата.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …