Министерството за транспорт и врски ја поништи постапката за доделување на финансиска поддршка

Министерството за транспорт и врски ја поништи постапката за доделување на финансиска поддршка

Соопштение на Министерството за транспорт и врски:

По предлог на “Комисијата за спроведување на постапката за доделување на финансиска поддршка на авиопревозници”, Министерството за транспорт и врски ја поништи постапката за доделување на финансиска поддршка.

На јавното отворање што се оддржи на ден 27. 07. 2018 година во Министерстото за транспорт и врски,  беше доставена само една понуда.

На јавното отворање, Комисијата констатирала дека доставеното барање за доделување на финансиска поддршка  не е доставено согласно точка 2. 1 од Документацијата за барање, односно на трите запечатени внатрешни пликоа не е наведен полниот назив и адреса на авиопревозникот, што е еден од условите пропишани во Документацијата за барање.

Врз основа на ова, Комисијата констатирала дека не постојат услови за понатамошна евалуација на пристигнатото барање за финансиска поддршка.

Согласно извештајот од Комисијата, Министерството за транспорт и врски ја поништи постапката за доделување на финансиска поддршка.

Ве информираме дека Министерството за транспорт и врски, во најкраток рок повторно ќе го објави јавниот повик за доделување на финансиска поддршка на авиопревозници, се со цел да се овозможи развој на авиосообраќајот во Република Македонија.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …