Министерството за земјоделство ја презентираше можноста за користење на мерката 3 од ИПАРД програмата

Министерството за земјоделство ја презентираше можноста за користење на мерката 3 од ИПАРД програмата

За сите компании во руралните средини кои се заинтересирани за создавање на нови услови за вработување, достигнување на ЕУ стандардите, имплементирање на нови технологии и процеси, денеска во просториите на Општина Прилеп, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство имаше инфо ден за отворениот јавен повик за мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.

„Во рамки на кампањата за публицитет на ИПАРД програмата денеска гостувавме во Прилеп, каде пред присутните ја презентиравме можноста за користење на мерка 3 од ИПАРД  програмата. Мерка 3 е наменета за преработувачката индустрија и за компаниите во преработувачката индустрија. Во тек е јавниот повик за оваа мерка, очекуваме заинтересираните да се јават и да поднесат барање. Доколку имаат нешто нејасно во врска со докомплетирање на барањето, можат да побараат помош од нас. Апликациите се доставуваат до платежната агенција, со цел во што поголема мера да се искористат ИПАРД “, посочи Виктор Младеновски од секторот за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерството за земјоделство ја презентираше можноста за користење на мерката 3 од ИПАРД програматаКорисници на мерката може да бидат правни лица (трговски друштва во рангот на микро, мали и средни претпријатија до 250 вработени и годишен обрт до 50 милиони евра) и задруги што се занимаваат со преработка на млеко и млечни производи, преработка на месо и месни производи (вклучувајќи јајца и живина), преработка на овошје и зеленчук, преработка на житни култури, мелнички производи и скроб, растителни и животински масти и масла, шира, вино и оцет, а и оние правни лица што произведуваат енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи.

Информациите за деталите, потребните документи и јавните повици сите заинтересирани може да ги видат на веб-страниците на телото за управување со ИПАРД-фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …