Миокардитисот како причина за смрт кај млади заболени од коронавирус

Миокардитисот како причина за смрт кај млади заболени од коронавирус

Пишува: д-р Владо Ѓорѓиески, мед. сци. интернист – кардиолог

Деновиве, следејќи ги најактуелните настани во врска со коронавирусот, прес конференциите на министерот за здравство и прашањата на новинарите коишто притоа се поставуваат, се почувствував повикан да дадам едно стручно објаснување на прашањето –зошто луѓето умираат од вирусот, зошто умираат ненадејно, зошто умираат и млади без да имаат претходни заболувања?

Всушност, што се случува со организмот при секоја вирусна инфекција?

Присуството на вирусот во организмот, предизвикува промена во функционирањето на неговите клетки, промена која е поизразена кај пациенти со претходни постојни други заболување што им го ослабува нивниот имунолошки систем, којшто не е во состојба доволно успешно да се одбрани од инфекцијата.

Значи – самиот вирус не е смртоносен, но затоа може да е погубен за луѓе со ослабен имунитет, како и за возрасната популација заради поголемата веројатност од постоење на други хронични заболувања кај нив. Поконкретно, според некои извори, кај околу 2% коронавирусот е единствената причина за настанување на смрт, а кај повеќето починати констатирано е присуство на други патолошки состојби, каде што коронавирусот е само дополнителен тригер за смртен исход.

Но, се поставува прашањето: зошто починуваат и млади, кај кои нема претходно присуство на други заболувања?

Сакам да го споделам моето мислење дека кај голем број на фулминантен (брз) облик на коронавирусната болест 2019 (COVID-19), причина за фатален исход покрај акутeн респираторeн дистрес синдром (АРДС), синдром на акутeн белодробен едем е миокардитисот, кој претставува воспаление на срцевиот мускул како компликација на инфекција од коронавирусот.

Од тој аспект накратко и наједноставно би објаснил каква болест претставува миокардитисот.

Миокардитис, или воспалителна кардиомиопатија, претставува фокален или дифузен воспалителен процес на срцевиот мускул, кој доведува до оштетување, односно во помал или поголем степен, дегенерација и/или некроза на мускулните срцеви клетки во зависност од етиолошкиот фактор.

Постојат околу 30 таканаречени кардиотропни вируси (коксаки вирусот група Б е во повеќе од 50% на случаи, паравирус B19, вирус на грип, HIV, цревен вирус, рубеола, полио вирус, цитомегаловирус, херпес-вирус 6 и хепатит Ц), кои можат да предизвикаат миокардитис

Миокардитисот исто така може да биде една од компликациите од грипот. Болеста почнува со вирусна инфекција на грлото или белите дробови. Симптомите во почетокот се неспецифични за миокардитис и се симптоми на системска вирусна инфекција и често пациентите даваат податок за претходна вирусна инфекција. Сомневањето за миокардитис се зголемува ако има осцилирачка температура околу 38 степени, од моментот на прегледот па наназад до 30 дена, посебно ако се присутни знаци за респираторна инфекција, како што е треска, главоболка, болки во мускулите, општа слабост, замор, срцебиење и симптомите на конгестивно срцево затајување (диспнеа, отоци, тахикардија).

Во ретки случаи може да дојде до прогресивна срцева слабост и повторувачки едем на белите дробови, аритмии опасни по животот, па дури и нагла срцева смрт поради кардиоген шок, или срцев застој, тромбоемболиски компликации, особено кога болниот се изложува на поголем физички напор. Поради сето претходно наведено, миокардитисот често се нарекува  „болест со 10 лица“.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

ОБСЕ: Донесувањето на изборниот закон на РС е противуставно

Воспоставувањето на паралелни структури кои ја поткопуваат севкупната безбедност и стабилност на земјата се против …