Мираковска: Носиме Закон за отпишување на камата за наплата на долгови

Мираковска: Носиме Закон за отпишување на камата за наплата на долгови

Прес конференција на Соња Мираковска, пратеничка од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ:

Со задоволство можам  да соопштам дека како парламентарни партии постигнавме консензус за предлагање и усвојување на закон, којшто е од исклучително значење за граѓаните на Република Македонија.

Законот за отпишување на камата за наплата на долгови, што го предложивме вчера, обезбедува отпис на затезна односно казнената камата, која се однесува на главниот долг и на трошоците на постапката за комунални дејности, електрична, топлинска енергија, вода и смет, телефонија, мобилни и кабелски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, вклучувајќи ги и трошоците на постапката од страна на должникот.

Морам да нагласам дека до ова решение дојдовме по повеќе месечна  консултација меѓу пратеничките групи во Собранието, Владата, како и големите доверители, кои на наше инсистирање искажаа подготвеност да излезат во пресрет на потребите на граѓаните, за што ние особено се залагавме.

Предложениот закон предвидува отпишување на каматата што се пресметува од поднесување на тужбата за присилна наплата на паричниот долг, до конечна исплата на паричното побарување.

Станува збор за проблем со кој граѓаните се соочуваат од 2011 година, кога извршните предмети од судовите се пренесени кај нотарите, а потоа тие завршуваат кај извршителите. Во тој процес најголеми жртви се граѓаните кои се соочија со огромни затезни и казнени камати за предмети за кои не биле ни свесни дека постојат, ниту пак дека има предлози за присилна наплата.

Ова законско решение е дел од политиките што ги спроведува парламентарното мнозинство, а кои значат решавање на проблемите и унапредување на животниот стандард  на граѓаните на Република Македонија.

 

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …