Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа свеќи и се поклонуваа во чест на жртвите кои трагично ги загубија нивните животи во дискотеката „Пулс”
На плоштад Македонија во Скопје се собраа илјадници лица на мирен собир да оддадат почит на загинатите во трагедијата во Кочани. Атмосферата на плоштадот беше траорна, граѓаните молчешкум палеа свеќи и се поклонуваа во чест на жртвите кои трагично ги загубија нивните животи во дискотеката „Пулс”
Со мобилни телефони и вклучени светилки, симболично испратија порака за солидарност.
На собирот се одржи и 16-минутен молк во 18 часот и 59 минути. 59 во знак на бројот на загинати лица, а 16 го претставува датумот на трагедијата.
По 16-минутниот молк, од толпата кон небото беа пуштени црни балони во чест на починатите.