Мирјана Лазарова Трајковска номинирана за судијка во Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Зоран Јовановски нов директор на КПД „Идризово“

Мирјана Лазарова Трајковска номинирана за судијка во Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Зоран Јовановски нов директор на КПД „Идризово“

На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи ја разгледа и усвои Информацијата за номинирање кандидатка, д-р Мирјана Лазарова Трајковска, за судијка во Меѓународниот кривичен суд во Хаг и донесе ваква одлука.

Во текот на јануари, од Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг, според информацијата од МНР, е доставен повик за номинирање судии до Северна Македонија. Земјава е дел од Источно-европската група од којашто ќе се изберат двајца судии за Меѓународниот кривичен суд, на 22-та сесија на Собранието на земјите членки, што ќе се одржи од 4 – 14 декември 2023 година во Њујорк.

Мирјана Лазарова Трајковска е досегашна судијка во Врховниот суд (која во моментов работи на области во Оддел за казниви дела, Претседателка на Одделот за судење во разумен рок и одделот за судска практика), поранешна судијка во Европскиот суд за човековите права во Стразбур и во Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Кандидатурата на Лазарова Трајковска е поддржана од претседателот на Република Северна Македонија, од МНР и од Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Владата одлучи Зоран Јовановски да го именува за в.д. директор на Казнено поправен дом Идризово, со отворено одделение во Велес, откако го разреши Шпенд Таири од оваа позиција.

Новиот в.д. директор Јовановски има завршено високо образование на Факултетот за безбедност и општествена самозаштита, ЦОК БОС Елисие Поповски, Скопје, а магистрирал на Филозофскиот факултет на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Според приложената биографија, има работно искуство во МВР, како командир на Единицата за специјални задачи, како заменик генерал на Полицијата, како шеф на Граничната полиција, како помошник директор на БЈБ. Учествувал и на бројни семинари во Луизијана, САД, Германија, Обединетото Кралство, во врска со техники на истражувања, криминалистички истраги.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …