Мировниот договор во БиХ е во опасност доколку меѓународната заедница не дејствува

Високиот претставник за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит во извештајот што треба да биде доставен до Советот за безбедност на ОН предупреди на ризиците за стабилноста во Босна и Херцеговина предизвикани од босанските Срби. Во извештајот се вели дека земјата може да се соочи со најголемата „егзистенцијална закана од повоениот период“ доколку меѓународната заедница не преземе мерки за да ги запре српските сепаратисти. Шмит наведува дека изгледите за понатамошна поделба и конфликт се „многу реални”.

Пораки за мир и стравот од нова војна во БиХ

Ескобар: Нема можност РС да се отцепи од БиХ

Предупредувањата на Шмит се однесуваат на заканите од лидерот на босанските Срби Милорад Додик да ги повлече српските трупи од босанската армија и да создаде посебни српски сили. Тие и другите дејства „ги загрозуваат не само мирот и стабилноста на земјата и регионот, но — доколку меѓународната заедница не одговори — може да доведе до поништување на договорот“ со кој заврши војната во БиХ во 1995 година. Додик одговори со отфрлање на извештајот како „пропаганден памфлет, напишан за да се „фаворизираат босанските муслимани“. Додик, членот на босанските Срби на ротирачкото трипартитно претседателство, со години се залага за одвојување на Република Српска и нејзино приклучување кон Србија, а неодамна ја засили својата кампања.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Земјотрес со јачина од 5,4 степени во Црна Гора, почувствуван и во Македонија и регионот

Од црногорскиот завод подоцна информираа дека по главниот земјотрес, следувале уште 30 помали Земјотрес со …