Мистериозни закани со бомби во црногорските училишта
aerial view of the residential part of the capital city on sunny summer day, Montenegro

Мистериозни закани со бомби во црногорските училишта

Основните училишта во речиси сите црногорски градови изутринава се евакуирани по дојави за поставени бомби.

Дојави за бомби се испратени на имејл адресите на десетици директори на основни училишта во Црна Гора. Училиштата се евакуирани, се вели од црногорското Министерство за просвета, наука, култура и спорт. Откако учениците и наставниците се засолнети на безбедно, почната е потрага по експлозивен материјал во училиштата.

„Управите и наставниот кадар на училиштата во кои полицијата презема активности соработуваат со полицијата и ги известија родителите. Потребно е родителите да останат во комуникација со наставниот кадар и управите на училиштата заради продолжување на наставниот процес по завршување на полициските активности“, соопшти Управата на полицијата на Црна Гора.

Што се крие зад заканите со бомби, засега е нејасно. Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, ги повика надлежните институции итно да ги расветлат заканите и да ги пронајдат налогодавците, организаторите и извршителите. Тој на Твитер го поврза овој настан со претстојниот избор на новата влада, кој е закажан за утре (28.04).

Не смееме да дозволиме образованието „да трпи поради оние кои имаат намера да предизвикаат вонредни ситуации и да ја дестабилизираат државата во пресрет на изборот на нова влада, на прагот на туристичката сезона“, напиша Ѓукановиќ.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …