Митрески: Со злоупотреби, ВМРО-ДПМНЕ ја одолговлекува работата на комисиите во Собранието на штета на граѓаните

Митрески: Со злоупотреби, ВМРО-ДПМНЕ ја одолговлекува работата на комисиите во Собранието на штета на граѓаните

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески од собраниската говорница истакна дека никогаш порано немало ваква ситуација во комисијата за одбрана да има толку долги дискусии посебно за вакви тешки прашања.

Сакам да има дискусии со аргументи, но очигледно таму има чиста злоупотреба само да се одлоговлечи времето за дискусија, нагласи Митрески.

Тој додаде дека СДСМ е подготвен да дискутира и за информации да се формира анкетна комисија за да се види што се случува сега и што се случувало во минатото во енергетскиот скетор, да се отворат сите прашања кои се битни за граѓаните.

Кога зборуваме за енергетската криза кај нас и во светот повикувам да се закаже комисијата за финансирање, за законот за задолжување на ЕСМ од 100 милиони евра, чија потреба е донесена на 19.07, а денес сме 22.09 и уште не се дискутира, очигледна е намерата да се донесе ситуацијата во државата да биде неподнослива за ситни политички поени, нагласи Митрески.

Тој потсети дека оние законски решенија кои и се важни на опозицијата, која сега има мнозинство во локалната самоуправа поминуваат по брза лента, како што беше законот за поврзување на локални патишта.

И ние ги поддржавме тие закони затоа што сите овде сме за граѓаните и ова за задолжувањето е за граѓаните, цел свет е во енергетска криза, така сме и ние и сите сме должни да излеземе во пресрет на граѓаните за да го пребродиме ваквото време на живеење, нагласи координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот Христовски во АНБ

СДСМ: Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот Христовски во АНБ

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Почитувани, Додека гледаме како партиски инсталираниот Директор на …