Мицкоски му кажал на Хан дека во Македонија има корупција и неефикасни институции

Мицкоски му кажал на Хан дека во Македонија има корупција и неефикасни институции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во партиското седиште се сретнал со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, со кого разговарал за извештајот на Европската комисија кој се однесува на интеграцискиот процес на Македонија кон Европската Унија и за состојбите во државата од економски и политички аспект.

Од партијата информираат дека Мицкоски му посочил на Хан дека европскиот пат е единствениот по кој треба да се движи Република Македонија за подобар стандард и напредок на граѓаните и како начин за заштита на националните и државните интереси.

– Враќањето на позитивната препорака која претходна влада на ВМРО-ДПМНЕ ја добиваше од 2009 година, а ја загуби како резултат на наметната политичка криза во последните 2 години чии актери денес се дел од владата, заедно со препораките кои се содржани во извештајот треба да помогне на подобрување на состојбите и подигнување на критериумите во повеќе сфери во државата. Опозицијата суштински го подобри квалитетот на реформските закони, со што докажа дека државните интереси ги става како основен приоритет, но и дека преостанува да се посвети внимание на нивна имплементација, нешто што зависи од самата Влада – вели Мицкоски.

Според него, загрижуваат состојбите со нотираната корупција во институциите раководени од СДСМ, неефикасноста на институциите, бирократијата, нереформираниот судски систем, организираниот криминал и несигурноста на граѓаните, отворање на судски процеси против неистомисленици на власта, притисок врз медиуми, бркања од работа по партиски клуч и други форми на притисок.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …