Мицкоски: На 30 септември, граѓаните да постапат според сопственото убедување

Мицкоски: На 30 септември, граѓаните да постапат според сопственото убедување

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес конференција во партиското седиште го соопшти официјалниот став на партијата, според кој сите граѓани на 30 септември да постапат според сопственото убедување.

Притоа, тој рече:„Остануваме на ставот дека јас и ВМРО-ДПМНЕ сме против Договорот. После консултацијата со граѓаните, по одржаните состаноци со Централниот и Извршниот комитет, донесовме одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување. Вие најдобро знаете што треба да направите. На крај, Македонија ќе победи“.

Во своето обраќање, Мицкоски го повика на ТВ дуел Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев за, како што рече, да разговараат отворено за сите прашање. После обмното излагање, Мицкоски ја напушти прес конференцијата и не им дозволи на новинарите да поставуваат прашања.

Прочитајте повеќе

„Супорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

„Супорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

Денеска граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ прими донација од 4.070 силиконски лепенки, наменети за третман на …