Мицкоски на средба со Орбан во Будимпешта, нема информации за средба со почесниот претседател Груевски

Мицкоски на средба со Орбан во Будимпешта, нема информации за средба со почесниот претседател Груевски

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ информираат дека претседателот на партијата Христијан Мицкоски утре ќе има средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Меѓутоа оттаму не додаваат дали Мицкоски ќе се сретне и со почесниот претседател на партијата, Никола Груевски, кој како бегалец од правдата ужива азил токму во Унгарија.

Во краткото партиско соопштение до медиумите, кое патем не е објавено на веб-страницата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, само накратко се посочува дека Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски „ќе остварат средба со унгарскиот премиер, Виктор Орбан“. Покрај разговор за „актуелната политичка и економска состојба“, оттаму посочуваат дека ќе направат „размена на информации на ниво на сестринските партии за правците на понатамошно делување во пресрет на престојниот Конгрес на Европската народна партија и изборот на новото раководство“.

Најава за ваквата средба нема ниту на официјалниот сајт на владата на Унгарија. Од друга страна, домашните медиуми веќе споделуваат неофицијални информации дека Мицкоски сепак ќе се сретне со Груевски.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Со сведочење на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, во Основен кривичен суд Скопје продолжи судењето …