Мицкоски со две понуди за излез од политичката криза

Заев да се откаже од преспанскиот Договор, а потоа да се оди на избори по чие финиширање би се формирало ново јавно обвинителство. Ова е една од опциите што денеска ги понуди лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за излез од, како што рече, политичката криза во која влегува земјава. Новото обвинителство, според него, би ги презело актуелните случаи на СЈО.

Но и воедно ќе го изанализира и испита периодот на работење на актуелната влада и сите афери и сомнежи за криминал поврзани со актуелната влада вклучително и нерегуларностите произлезени од референдумското изјаснување, но и сите оние материјали кои што се дел од незаконски стекнатите преслушкувани материјали, а кои што се однесуваат на Зоран Заев и СДСМ“, рече Христијан Мицковски – претседател на ВМРО ДПМНЕ.

И другата опција на Мицковски е за да се оди на избори со веќе познатите барања како пржинска Влада 100 дена пред изборите, Јавен обвинител на предлог на опозицијата и анкетна комисија за референдумот.

За тоа дали дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ преговараат за обезбедување мнозинство во Собранието за да поминат уставните измени кои произлегуваат од Договорт со Грција вели:

Не би сакал да верувам и не би можел да верувам дека некој воопшто во оваа држава размислува да тргува со нешто за кое граѓаните во оваа држава на 30-ти септември јасно и гласно кажаа дека го отфрлаат“, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, брзи избори без Пржинска влада од 100 дена, би биле незаконски и само начин Заев да остане на власт. Не одговори дали ВМРО-ДПМНЕ би учествувала или би ги бојкотирала евентуалните ваквите избори.

Извор: Алсат

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …