Полициска лента Полиција

Млад возач со мицубиши синоќа усмрти 78 годишен велосипедист

Од здобиените повреди, на местото на настанот починал велосипедистот Б.К., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт

Дваесет и шест годишник денеска на булеварот „Киро Глигоров“, возејќи возило мицубиши аутлендер, усмртил 78 годишно лице кое возело точак, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Синоќа, 10 минути по полноќ, во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Киро Глигоров“ во Скопје, патничко возило „мицубиши аутлендер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.В.(26) од Скопје, удрило во велосипед управуван Б.К.(78) од Скопје. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал велосипедистот Б.К., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, а возачот К.В. бил лишен од слобода. Тој бил спроведен во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира МВР.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

УСС при УКИМ и Студентското пленумско движење утре ќе го поддржат „Маршот за ангелите“

УСС при УКИМ и Студентското пленумско движење утре ќе го поддржат „Маршот за ангелите“

Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ќе го поддржи најавениот протестен …