Младите маршираа за чист воздух

Младите маршираа за чист воздух

По вторпат за неколку недели илјадници луѓе излегоа на улиците на Скопје барајќи од владата мерки за намалување на загадениот воздух. Владата ги прифаќа барањата, но не ни реализира, критикуваат активистите.

Неколку илјади, претежно млади луѓе вечерва маршираа низ улиците на Скопје извикувајќи „Сакаме воздух“ и „Нема воздух, нема мир“. Демонстрантите побараа од владата и надлежното министерство да преземат итни мерки за намалување на загадувањето. Од невладините организации кои го организираа протестот порачаа дека владата има рок до 31 декември да ги исполни барањата кои и беа претставени на почетокот на месецов.

Nord-Mazedonien: Umweltproteste in Skopje (picture-alliance/AP/B. Grdanoski)

Активистите велат дека владата само формално ги прифаќа нивните барања, но не прави ништо конкретно за нивна реализација. Протестот започна пред министерството за животна средина, а маршот финишираше пред владината зграда каде на демонстрантите им се обратија и неколкумина еколошки активисти.

Nord-Mazedonien: Umweltproteste in Skopje (picture-alliance/AP/B. Grdanoski)

Голем дел од младите на протестот дојдоа со маски за дишење а на транспарентите доминираа критични пораки кон надлежните: „Ќе поцркаме“; „Не се дише“; „Доцнев на прв час, се изгубив во смогот“; гласеа дел од нив. Впечаток е дека меѓу демонстрантите најбројни беа средношколците.
Со исклучок на мала група млади кои се обидоа на протестот да му дадат политичка нотка скандирајќи „Никогаш северна, само Македонија“, останатите беа фокусирани на проблемот со загадувањето.

Nord-Mazedonien: Umweltproteste in Skopje (picture-alliance/AP/B. Grdanoski)

Политичките препукувања сепак не изостанаа, но беа фокусирани на социјалните мрежи и во редовните преписки меѓу партиите од власта и опозицијата.

Уште претпладнето, откако средношколците од „Никола Карев“ одлучија да ја бојкотираат наставата, се разгоре дебата околу потегот на директорката на училиштето која се обиде да им забрани на учениците да протестираат. Таа беше експресно сменета од функцијата од градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Nord-Mazedonien: Umweltproteste in Skopje (picture-alliance/AP/B. Grdanoski)

Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули вечерва на „Телма“ изјави дека во изминативе два месеца загадувањето на воздухот во Скопје било најмало во последните десет години.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ говорат за „енормно загадување на воздухот“ и најавуваат дека ќе поднесат информација на таа тема до Собранието.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …